Анима вет - Битола

animavet logo

 Анима  вет - Битола
Улица: Север-југ 2,
7000 Битола, Р. Македонија
Телефон: +389 47 29 66 88
E-mail: info@animavet.mk
Web: www.animavet.mk

Опис  

Компанијата „Анима вет“ започнува со работа на 1. април, 2000 година.

До 2012 година Ветеринарното Друштво, работеше на превентивни активности склучени во договор со државата, на ниво на општините Новаци и Могила и со договор во рамките на индивидуалните одгледувалишта кои се на територија на Општините Битола, Могила и Новаци. За таа цел, постоеа регистрирани Ветеринарни клиники во с.Бач, с. Могила, како и амбуланта за домашни миленици во Битола и ветеринарна амбуланта во с. Цапари.
Како Ветеринарно друштво, ги покриваше сите проблематики од ветеринарната област, вклучувајќи ги и советодавните услуги во рамките на одгледувањето на домашни животни, добра хигиенска пракса и добра производствена пракса на одгледувалиштата, подготовка на документација за план на штетници, во рамки на одгледувалиштата, како и пошироко во областите на производство на храна, обезбедува ДДД заштита и сл.
Во периодот од 2005 до 2010 година Ветеринарното Друштво „Анима Вет“, имаше плодна соработка и договор за превентивно и куративно лекување на животните во фармите на ЗК „Пелагонија“ во Битола, при што соработуваше и со стручниот кадар од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје.   
Во рамките на „Анима Вет“, работаат два доктори по ветеринарна медицина, два дипломирани инженери технолози, еден дипломиран биотехнолог и тројца ветеринарни техничари.
Во зависност од обемот на работата, планирана е постдипломска едукација на веќе вработениот стручен кадар, како и нови вработувања.
Од 2012 година, во рамките на Ветеринарното Друштво се отвора лабораторија за испитување на сурово млеко. Опремата која се користи за испитување на млекото е набавена од познатите светски брендови Bentley и Delta и претставува високо-софистицирана компјутеризирана опрема.
За остварување на целите, се соработува со Агенцијата за Храна и ветеринарство.
Како прва приватна лабораторија за испитување на храна и испитување болести кај животните во Република Македонија, „Анима Вет“ го носи товарот на одговорно, самостојно, совесно, независно и непристрасно работење, според Македонските и меѓународните стандарди.

Галерија  

 

  • 2.png
    big image
    2.png
  • 3.png
    big image
    3.png
  • 1.png
    big image
    1.png
  • 4.png
    big image
    4.png
  • 5.png
    big image
    5.png

Мапа  

Анима вет - Битола

Контакт Форма  

Анима вет - Битола

.

.