ПСУ Дом за стари лица Руски

 starilicaruski logo1

ПСУ Дом за стари лица Руски
Улица: 2 бр. 5-б Кадино,
1000 Скопје Македонија
Телефон: +389 02 6111605 / +389 70 277 974
Е-маил: dom_ruski@hotmail.com
http://www.domruski.mk

Опис  

ПСУ Дом за стари лица “Руски”

Дом за стари лица “Руски” е приватна установа за социјална заштита основан во Мај 2010 година во нас.Ченто на ул.Жегљане бр.34 а, со сместувачки капацитет од 30 корисници.
Во Јули 2016 година домот се прошири во Кадино, Општина Илинден со сместувачки капацитет од 30 корисници.
Во домот преовладува домашна атмосфера. Овозможуваме 24 часовен надзор, комплетна нега и хигиена,исхрана,здравствена заштита, социјализација, активно стареење ,подигнување на квалитетот на живеење и задржување на достоинството на старите лица.
Човечки ресурси:
Грижата за старите лица во ПУСЗ – Руски  ја обезбедуваат: Медицински сестри задолжени за здравствената заштита на старите лица и ординирање на медикаментозна терапија, секојдневно следење на крвниот притисок, мерење на шеќер и ординирање на инсулин. Покрај тоа здравствената заштита  опфаќа и организирање на прегледи од  матичен лекар како и контролни специјалистички прегледи доколку има потреба од нив, Геронтодомакинки - негуватели задолжени за: хигиена кај корисниците кои не се во можност истата да ја обавуваат, нега и грижа за хигиената на собите , грижа за алиштата на старите лица , исхрана и хранење на стари лица кои не се во можност сами тоа да прават, Социјални работници задолжени за социјализацијата на старите лица преку секојдневна работа со различни методи и техники наменети за одржување и подобрување на физичката состојба, јакнење на менталните капацитети на старите лица, организирање на  креативни работилници, сликарски работилници, организирање на настани во установата и надвор од неа, задоволување на културни и верски потреби на
старите лица, друштвени игри и сл. Готвачи – ПУСЗ – Руски располага со сопствена кујна и храната во ПУСЗ – Руски е ссогласно принципите на ХАСАП системот за квалитет на храната – се приготвува секојдневно и се прилагодува согласно здраствените потреби и барања на старите лица згрижени во ПУСЗ Руски како и Санитарен техничар задолжен за општата хигиена во целовкупниот простор во ПУСЗ – Руски.
Услуги кои ги нуди ПУСЗ – Руски:
Исхрана и хранење на пациенти кои не се во можност самите да го прават тоа, грижа и нега за корисници кои не се во состојба самите тоа да го прават како резултат на одредено хронично заболување или пак корисници кои се во терминална фаза преку подршка при облекување, соблекување, подршка при одржување на елементарната хигиена и сл, одржување на хигиената во собите на корисниците и хигиената во целиот објект како и хигиената на алиштата на пациентите за кои постои и перална, обезбедување на фризерско – берберски услуги за старите
лица, обезбедување на здравствена заштита за старите лица, психосоцијални и културно забавни активности за старите лица, обезбедување на пристап до информации за остварување на правата од доменот на социјална заштита за старите лица како и други услуги зависно од потребите, способностите и барањата на старото лице.

Галерија  

 

  • 20.JPG
    big image
    20.JPG
  • 10.jpg
    big image
    10.jpg
  • 90.jpg
    big image
    90.jpg
  • 50.jpg
    big image
    50.jpg
  • 70.jpg
    big image
    70.jpg
  • 80.jpg
    big image
    80.jpg
  • 60.jpg
    big image
    60.jpg
  • 30.jpg
    big image
    30.jpg
  • 40.jpg
    big image
    40.jpg

Мапа  

ПСУ Дом за стари лица Руски

Контакт Форма  

ПСУ Дом за стари лица Руски

.

.