ЈЗУ Клиничка Болница - Штип

 klinickabolnica logo

ЈЗУ Клиничка - Болница Штип
Адреса: Љубен Иванов 25
2000  Штип  Македонија
Телефон: +389 32 394099
Е-маил: kbstip@zdravstvo.gov.mk
www.bolnicastip.com.mk
Работно време:
Пон - Пет од 07:30 до 15:00

Опис  

Извршно резиме
Здравстевената заштита во една држава претставува еден од битните елементи за зачувување и унапредување на здравјето, животната и работната средина на човекот, заштита на неговиот животен стандард и социјалната сигурност а во исто време е и значаен фактор за стопанскиот и економскиот развој на истата. Нивото на развојот на здравствената заштита е одраз на севкупните можности на едно општество да ја покаже својата хуманост и спременост која го опкружува.
Имиџ на болницата е метафора за комуницирање со околината . Целта на комуникацијата во прв ред е обезбедување на влез, дистрибуција и излез на услугата . Квалитетот на таа комуникација зависи од претставата, т.е сликата за болницата во надворешниот свет, а комуникацијата повторно влијае на формирањето на сликата. Значи болницата во околината е само она што за него кажува неговата слика, претстава за него. т.е неговиот имиџ.
Општ опис на установата
Тековен статус на установата
Со мрежата на здравствените организации кои пружат примарна, специјалиcтичко-консултативна, фармацевтска и болничко здравствена заштита , покриени се сите подрачја и општини во Источна Македонија, со што се создадени услови за достапна здравствената заштита и задоволување на најголем број на здравствените потреби на населението.
Интензивниот развој на мрежата на здравствени организации е следен и со интензивен развој на кадровското обезбедување на здравствената дејност.
Здравствената заштита на населението во Република Мекедонија се обезбедува со Здравствени домови, Општи болници, Клинички болници со голем број работни единици, амбуланти и пунктови распоредени по градови и села, стоматолошки клинички центар како и приватни здравствени организации.
Во тие рамки и ЈЗУ Клиничка болница-Штип прави постојани анализи за потребите на заедницата од регионот кој се протега низ територијата на целата држава.
Сопственост на установата:
Јавната здравствена установа Клиничка болница-Штип е Јавна здравствена установа со права , обврски и одговорности утврдени со закон, колективен договор, статут и други општи акти.
Основач на Клиничката болница-Штип е владата на република Македонија
Клиничката болница-Штип со ваков организациски облик е уставен од 19.08.2009 год.
Медицинскиот центар е формиран 1965 година. Заради задоволување на современите барања за здравстевена заштита на 07.01.1965 година прифатена е одлуката за интеграција на пооделните здравствени установи во единствен Медицински центар.
Клиничката болница ја застапува и претставува Директор .
Контакт информации:
ЈЗУ Клиничка болница-Штип
Улица:"Љубен Иванов" бр.25,Штип
Телефон: +389 32 394-099 Болница
Факс: 032/605-001
Е-маил: jzuobstip@yahoo.com
www.bolnicastip.com.mk
Локација на установата:
ЈЗУ Клиничка болница-Штип зазема централно место во источниот регион на Република Македонија . Во неа се лекуваат над 250 000 жители-пациенти, а за одредени дијагностички иследувања , услугите ги користат и пациенти од централниот регион на Републиката.
-ЈЗУ Клиничка болница-Штип е сместена во повеќе објекти и на повеќе локации:
Клиничка болница (стационари) во која се сместени:
-Дежурна амбуланта , Хируршка и Ортопедска амбуланта , Болничка аптека, Амбуланта за дијабет (приземје)
-РЕ Гинекологија и акушерство( 1 спрат)
-РЕ Хируршки болести и РЕ Внатрешни болести оддел за мажи( 2 спрат), РЕ Ортопедија и трауматологија, РЕ Анестезија и реанимација со интензивно лекување
-РЕ Внатрешни болести- оддел за жени(3 спрат)
Административна зграда во која се сместени:
-Амбнуланта за кожни болести, Кабинет за ехокардиографија, Кабинет за ендоскопија , Фактурно и Приемно одделение (1 кат)
-РЕ Кожни болести со амбуланта, Канцеларија на Директор и Главна медицинска сестра,
Тракт Е во кој се сместени :
-РЕ Лабараториски дејности (приземје),
-РЕ Урологија, РЕ Радиолошко дијагностичка дејност ( 1 кат),
-РЕ Очни болести и РЕ ОРЛ (2 кат)
Во посебна зграда сместени се:
-РЕ Педијатриски болести и
-РЕ Невролологија и РЕ Инфективни болести
На ул. Никола Карев во посебна зграда е сместена РЕ Психијатриски болести и служба за первенција и третман на злоупотреба на дроги.
На ул. Бања Кежовица во посебна зграда сместени се:
-РЕ Физикална терапија со рехабилитација
-РЕ Патологија
Услуги:
ЈЗУ Клиничка болница-Штип , во своето 24 часовно пружање здравствена заштита на населението ги нуди следните услуги:
-Стационарна здравствена заштита,
-Активности на болницата,
Хируршка дејност , интернистичка дејност, гинекологија и акушерство, педијатрија, очни болести, анестезиологија со реаниматологија, максилофацијална хирургија, патологија, ОРЛ, кожни болести, лабараториска дејност, инфективна дејност, неонтолошка дејност, ортопедија со трауматологија, радиодијагностика, ургентен центар со приемно одделение, стерилизација, депо за лекови за потребите на стационарни болни,
-Медицинска пракса,
-Друга здравствена заштита на луѓето,
-Медицинска рехабилитција во установи( Физикална медицина и рехабилитација,)
-Комплетни лабараториски иследувања,
-Комплет РТГ дијагностика вклучувајќи и компјутерска томографија,
-Комплетни патолошки иследувања,
-Изработка на инфузиони раствори и изработка на лековити фармацевтски препарати.
Болницата во делот на специјалистичко-консултативната здравствена заштита врши:испитување и утврдување на заболувањата, повредите и здравствената состојба на корисниците, спроведува специјализирани,дијагностички, терапветски и рехабилитациони постапки и дава специјалистички мислења и предлози.
Во болничката здравствена заштита врши дијагностицирање , лекување, постојан специјалистички надзор, примање и згрижување на итни медицински случаеви , вршење на секундарен транспорт на пациенти, обезбедување на конзилијарно-медицинска помош, учествува во спроведувањето на посебни програми за спречување и рано откривање на заболувањата и повредите , предлага и дава упатства за домашно лекување, обезбедува здравствено воспитување на лицата на кои им се пружа здравствена заштита , пружа стручна помош на другите здравствени установи.
Во Клиничката болница во делот на административно техничка стручна служба за потребите на клиничката болница се вршат работи во следните области: општи, правни, и кадровски работи, финансиско сметководствени работи со план и анализа , набавка на материјал потребен за вршење на дејноста, одржување на возен парк.
Кадровските можности и потенцијали, просторните услови како и опременоста со медицинска и друг вид на апаратура на ЈЗУ Клиничка болница-Штип се гаранција за големата конкурентна способност на нашата здравствена установа во однос на конкуренцијата во опкружувањето.
Организациона поставеност:
Организацијата на работата на Клиничката болница-Штип се заснова врз начелата на достапност, рационалност и континуираност на здравствена заштита, како и врз современите и потврдените достигнувања на медицинските и други науки.
За остварување на целите од претходниот став, работата во болницата се организира во организациони единици кои претставуваат организационо-техничка целина во процесот на работата и тоа:
Болнички одделенија:
1.РЕ Анестезија ,реанимација и интензивно лекување во кома центар
2.РЕ Хируршки болести
3.РЕ Максилофацијална хирургија
4.РЕ Уролошки болести
5.РЕ Ортопедија и трауматологија
6.РЕ Гинекологија и акушерство
7.РЕ Очни болести
8.РЕ ОРЛ болести
9.РЕ Внатрешни болести
10.РЕ Неврологија
11.РЕ Психијатрија
12.РЕ Детски болести
13.РЕ Кожно-венерични болести
14.РЕ Физикална медицина со рехабилитација
15.РЕ Болничка аптека
Специјалистичко -консултативна служба:
1.РЕ Лабараториска дејност
2.РЕ Радиолошкадијагностичка дејност
3.РЕ Патолошка анатомија со судска медицина
Административно-техничка служба:
1.РЕ Општо правно работење
2.РЕ Економско-финансово работење
3.РЕ Техничко рабортење
Број на вработени во Клиничка болница-Штип
Во ЈЗУ Клиничка болница-Штип моментално се вработени 444 и 67 на определено со различни структури и различни националности, во 2017 год. вкупниот број на вработени е 465 и 16 на определено.
Реализирани проекти
ЈЗУ Клиничка болница-Штип има реализирано повеке проекти преку кој се обезбеди донација на медицинска опрема и грантови со кој што се изврши набавка на медицинска опрема .
Хуманитарната организација Hikode од Австрија донираше медицинска опрема, донирани се болнички кревети,душеци, екг апарати, електрични инвалидски колички, ортопедски помагала.
Хуманитарната организација Salvation army I Hand till Hand од Шведска донираа медицинска опрема во повеке наврати. Донирани се болнички кревети, душеци, ендоскопски столб, лабараториски инкубатор, операциони светла, хируршки инструменти, ортопедски помагала , потрошен медицински материјал и.т.н
Клиниката за неврохирургија од Цирих Швајцарија донираше нврохируршки микроскоп
Клиниката за рехабилитација од Базел Швајцарија донираше инвалидски колички.
Преку проектот ̎Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство̎ CB006.1.31.017 набавена е специјализирана медицинска опрема за РЕ Уво, Нос и Грло, проектот е финансиран од ЕУ програмата за прекугранична соработка Interreg-IPA CBC.
Преку проект од Јапонија обезбеден е грант за набавка на две амбулантни возила за транспорт на пациенти.

Галерија  

 

  • 4.jpg
    big image
    4.jpg
  • 6.JPG
    big image
    6.JPG
  • 7.jpg
    big image
    7.jpg
  • 10.jpg
    big image
    10.jpg
  • 2.jpg
    big image
    2.jpg
  • 9.jpg
    big image
    9.jpg
  • 8.jpg
    big image
    8.jpg
  • 5.JPG
    big image
    5.JPG
  • 1.jpg
    big image
    1.jpg
  • 3.jpg
    big image
    3.jpg

Мапа  

ЈЗУ Клиничка Болница - Штип

Контакт Форма  

ЈЗУ Клиничка Болница - Штип

.

.