ПЗУ Магдис |
Опис
ПЗУ ֦ПОЛИКЛИНИКА МАГДИСˮ е здравствена установа од примарен карактер со долгогодишна традиција зад која стои искусен, стручен и посветен тим. Бележиме 22 годишна успешна работа со над 5000 задоволни пациенти и голем број на медицински услуги во прилог на вашето здравје. Во рамките на поликлиниката покрај општата и педијатриска амбуланта паралелно функционираат кабинет за физикална терапија и рехабилитација и дијагностичка биохемиска лабораторија уредени по највисоки стандарди со најнова апаратура и технологија и резултати поддржани и валидирани со внатрешни и надворешни контроли.
Дел од услугите кои ги нудиме се:
-Сите видови на медицински прегледи и услуги од општа практика и педијатрија;
-ЕКГ;
-Ампуларна терапија;
-Инхалации;
-Амбулантски интервенции;
-Тест за остеопороза;
-Биохемиски анализи: комплетна крвна слика, тест за helicobacter pylori, тест за бременост, HbA1c( тромесечен шеќер), АSO, CRP, Rf и др;
-Испитувања на урина-Испитување на хормони: PSA, TSH, FT3, FT4, тироидни антитела, пролактин, D-dimeri, FSH, LH, estradiol, progesteron, testosteron;
- изработуваме и интолеранција на храна со 45 и 90 прехрамбени артикли
- алерго тестови и разни панели за автоимуни заболувања
-Електротерапија при спондилоза, лумбоишијалгија, гонартроза, коксартроза, остеоартрит, спортски повреди и др. состојби:
-Мануална терапија ;
-Кинезиотејп услуги;
-Магнет терапија;
-Ласер терапија;
-Вакуум терапија;
-Топлинска терапија;
-Кинезитерапија;
-Корективна гимнастика за кифози, сколиози, лордози;
-Третман после после мозочен инсулт;
-Масажи.
Нашиот тим Ви стои на располагање секој работен ден од 08:00-21:00h и во сабота од 19:00-20:00h. За сите информации контактирајте не на тел. 046/781-378 или на нашата facebook страна ( Poliklinika Magdis).