Визиа - Центар за очи |
Опис
Добредојдовте во ВИЗИА
Визиа е првата приватна хируршка очна клиника во Македонија, основана во февруари 2002 год. Од појавувањето на Визија се сменија стандардите во очната хирургија во Македонија во корист на пациентите.
Воведовме нови техники и операции кои до тогаш не постоеа: како Excimer Laser - Ласерска Корекција на Диоптрија (LASIK) - за првпат во Македонија и заради кои пациентите мораа да одат да се оперираат во странство
Го подигнавме квалитетот на услугите на прегледите и на операциите на многу високо ниво дури и за западните стандарди, со помош на комплетна компјутеризирана опрема. Со совршениот релаксиран ентериер им помагаме на пациентите да го избегнат чувството на стрес од болница.
ВИЗИА се наоѓа во Карпош 4 до "стара телевизија"
Се простира на 350м2 простор на едно ниво. Располагаме со 3 комплетно опремени работни места и неколку помошни простории, Кабинет за Страбизам, богато опремена оптика, 2 Операциони Сали / една за рефрактивна хирургија и втората за катаракта и глауком.