ПУСЗ Хармонија

 dslharmonija logo


ПУСЗ Хармонија
Адреса: Славе Деловски 18 Козле,
1000 Скопје Македонија
Мобилен: +389 78 267957 / +389 78 31663
Работно време: Пон - Нед од 00:00 до 00:00 ( 24/7)
Е-маил:domharmonija@gmail.com
www.domharmonija.webs.com

Опис  

Приватната установа за Социјална заштита на стари и изнемоштени лица - Хармонија е основана во месец Декември 2017 година и располага со 31 легло поточно може да згрижи 31 старо лице.
Уживањето во чистиот воздух, зеленилото од падините на планината Водно во населбата Пржино, како и близината до центарот на град Скопје на само 3 километри го прави ПУСЗ – Хармонија одличен избор за квалитетен и достоинствен живот на постарата популација.

Пристап и начин на работа:
Згрижувањето на стари и изнемоштени лица во приватната установа – Хармонија е според принципот на хотелско-холистички пристап чија примарна дејност е згрижување, здравствена заштита, сеопфатна нега и социјална заштита на стари и изнемоштени лица.

Човечки ресурси:
Грижата за старите лица во ПУСЗ – Хармонија ја обезбедуваат: Медицински сестри задолжени за здравствената заштита на старите лица и ординирање на медикаментозна терапија, секојдневно следење на крвниот притисок, мерење на шеќер и ординирање на инсулин. Покрај тоа здравствената заштита во ПУСЗ – Хармонија опфаќа и организирање на прегледи при матичен лекар како и контролни специјалистички прегледи доколку има потреба од нив, транспорт до установите за јавно здравство, посета на матичен лекар кој соработува со ПУСЗ – Хармонија како и посета на специјалисти од областа на секундарна и терциерна здравствена заштита доколку има потреба од нив. Физиотерапевт задолжен за активни и пасивни вежби со старите лица, масажи, обука при потреба од користење на ортопедски помагала, кинезитерапија (кај пациенти со мозочен удар, параплегии, квазиплегии и други заболувања) како и останати ортопедски заболувања (фрактури, атрофирана мускулатура, мускулни спазми и сл.), Геронтодомакинки - негуватели задолжени за: елемнтарната хигиена кај пациентите кои не се во можност истата да ја обавуваат, нега и грижа за хигиената на собите и грижа за алиштата на старите лица (перење, пеглање и распределба на истите), исхрана и хранење на стари лица кои не се во можност сами тоа да прават, Социјален работник задолжен за остварување на правата од доменот на социјална заштита, социјализација на старите лица преку креативни работилници, сликарски работилници, организирање на настани во установата и надвор од неа, задоволување на културни и верски потреби на старите лица, друштвени игри и сл. Готвачи – ПУСЗ – Хармонија располага со сопствена кујна и храната во ПУСЗ – Хармонија е ссогласно принципите на ХАСАП системот за квалитет на храната – се приготвува секојдневно и се прилагодува согласно здраствените потреби и барања на старите лица згрижени во ПУСЗ – Хармонија како и Санитарен техничар задолжен за општата хигиена во селовкупниот простор во ПУСЗ – Хармонија.

Програми и услуги кои ги нуди ПУСЗ – Хармонија:
Програма за згрижување и нега на стари лица кои можат да се грижат за себе, односно корисници кои имаат одреден степен на независност и
Геријатриска програма, каде се сместени лица на кои им е потребна целосна нега и грижа. Тие имаат потреба од секојдневна помош при хранење, одржувањето на лична хигиена. Во оваа категорија се сместени лица со деменции, мозочни и срцеви удари, стари лица со потешки или хронични заболувања.

Услуги кои ги нуди ПУСЗ – Хармонија:
Исхрана и хранење на пациенти кои не се во можност самите да го прават тоа, грижа и нега за пациенти кои не се во состојба самите тоа да го прават како резултат на одредено хронично заболување или пак пациенти кои се во терминална фаза преку подршка при облекување, соблекување, подршка при одржување на елементарната хигиена и сл, одржување на хигиената во собите и апартманите на пациентите и хигиената во целиот објект како и хигиената на алиштата на пациентите за кои постои и перална, обезбедување на фризерско – берберски услуги за старите лица, обезбедување на здравствена заштита за старите лица, психосоцијални и културно забавни активности за старите лица, обезбедување на пристап до информации за остварување на правата од доменот на социјална заштита за старите лица како и нивните семејства (парична помош, еднократна парична помош, помош во натура, надомсток за помош и нега од друго лице, плаќање и партиципација за извршен здравствен преглед или пак медикаментозна терапија која не е на терет на ФЗО и сл) како и други услуги зависно од потребите, способностите и барањата на старото лице.

 

Галерија  

 

  • 5.jpg
    big image
    5.jpg
  • 4.jpg
    big image
    4.jpg
  • 7.jpg
    big image
    7.jpg
  • 10.jpg
    big image
    10.jpg
  • 2.jpg
    big image
    2.jpg
  • 9.jpg
    big image
    9.jpg
  • 8.jpg
    big image
    8.jpg
  • 6.jpg
    big image
    6.jpg
  • 1.jpg
    big image
    1.jpg
  • 3.jpg
    big image
    3.jpg

Мапа  

ПУСЗ Хармонија

Контакт Форма  

ПУСЗ Хармонија

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

Atravel

sidebar-atravel

Elco - web design

elco veb4

.

.