Интермед Aрт

 intermedart logo

        

   

Адреса: бул. Партизански Одреди 84 Скопје
Тел:+389 02 3060905
       +389 02 3069693
e-mail: intermedart.info@gmail.com
Работно време: Пон - Пет од 07:30 до 19:00

Опис

СИГУРЕН ЧЕКОР КОН ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Поликлиника Интермед Арт е приватна здравствена установа, основана во 2011 година лоцирана на Бул.Партизански Одредибр.84 во Т.Ц Антико-Скопје. Опремена е според најсовремени стандарди вклучувајќи струченлекарски тим со долгогодишно работно искуство. Со цел да ги задоволи барањата нa граѓаните за квалитетна и достоинственаздравствена заштита ПЗУ Интермед Арт располага со :    

   ♦ Ординација по општа медицина
   ♦ Ординација по интерна медицина
   ♦ Ординација по медицина на трудот
   ♦ Ординација по спортска медицина
   ♦ Биохемиска лабораторија
   ♦ Дневна болница
   ♦ Домашна посета

Нашата мисија е со укажана довербана пациентите и несебично залагање на ситевработени да напредуваме додека не прераснеме во установа вокоја ке може да се добијат сите видови на услуги. Го сакаме тоа што го работиме,а нашето знаење,стручност и искуство се во служба на нашите пациенти.

Ординацијата по општа медицина има склучено договор со ФЗОМ  и брои околу 2500 матични пациенти од различни  старосни групи за кои се грижат два лекарски тимови.
Во склоп на ординацијата постои и дневна болница каде пациентите добиваат соодветна грижа и терапија.Со цел да се згрижат изнемоштените или неподвижни пациенти ординацијата по општа медицина нуди  домашна посета.

Ординацијата по интерна медицина располага со најсовремен ехо апарат PHILIPS HD7 XE кој има напредни опции и висока дефиниција на слики кои го прават да биде најдобар во својата класа.
Во ординацијата по интерна медицина ги вршиме следниве прегледи: Општ интернистички преглед, Ехо на срце, Ехо на абдоминални органи, Ехо на простата, скротум и тестиси, Ехо на дојка, Ехо на меки ткива, мускули, лигаменти и тетиви, Ехо на тироидна и други жлезди, Ехо со доплер на каротиди, Давање на комплетна терапија(ампуларна и инфузиона) – предложена од интернист.

Ординацијата по спортска медицина која е опремена по европски стандарди за квалитет постои од 2012 година и има успешна соработка со сите врвни македонски спортски клубови. Во истата се вршат два типа на прегледи: општ спортски преглед и спортски преглед со стрес тест.

Ординацијата по медицина на трудот ги обезбедува сите услуги кои се од големо значење за вработените и работните организации: Лекарски уверенија за државјанство, Лекарски уверенија за вработување, Претходни,периоднични и систематски прегледи на вработени, Обуки за прва помош на вработени, Обуки за безбедност и здравје при работа, Изработка на Елаборати за проценка на професионални ризици на работно место

Биохемиската лабораторија со која располага ПЗУ Интермед Арт има капацитет да врши различни видови испитувања (Сите биохемиски анализи,микробиолошки испитувања, тумор маркери, хормони, електролити, тестови за бременост, ANA и ANCA панели...). Вршиме постојана контрола на квалитетот на нашите резултати во и надвор од државата. Воедни нудиме и можност за земање на материјал за анализа во вашиот дом или на вашето работно место и можност за праќање на резултати по поштаили e-mail.

Ревматолошки консултации
Со цел побрзо откривање на ревматолошките заболувања ПЗУ Интермед Арт во соработка со Универзитетската Клиника за Ревматологија и Проф.Др. Ѓеорѓи Божиновски, секој  четврток врши ревматолошки консултации и серолошки ревматолошки испитувања (РФ,анти ЦЦП, ЦРП, Ц3, Ц4), имунолошки ревматолошки испитувања (ANA панел), капилароскопија (подноктна) и  артоцентеза.

Галерија

  • 4.jpeg
    big image
    4.jpeg
  • 10.jpeg
    big image
    10.jpeg
  • 9.jpeg
    big image
    9.jpeg
  • 8.jpeg
    big image
    8.jpeg
  • 2.jpeg
    big image
    2.jpeg
  • 6.jpeg
    big image
    6.jpeg
  • 7.jpeg
    big image
    7.jpeg
  • 5.jpeg
    big image
    5.jpeg
  • 3.jpeg
    big image
    3.jpeg
  • 1.jpeg
    big image
    1.jpeg

Мапа 

Интермед Aрт

Контакт Форма 

Интермед Aрт

.

.