|
Опис
Многугодишното искуство вработените во Аптека Камелија од Кавадарци ги прави да бидат секогаш спремни за грижа кон пациентите. Аптеката постои од 1994 година на ул. Ј.Н.А бр. 56. Има многу добра локација, достапна за сите пациенти од сите матични лекари. Аптеката работи со фондот за здравство и во секој момент достапни се скоро сите лекови. Се грижиме за пациентите со совети, соодветна терапија и прашања и одговори кон нив. Нашата аптека располага со секаков вид на лекови, помошни лековити средства, козметика, производи за лична хигиена,чаеви и многу други производи. Кај нас ќе најдете се што ви е потребно за вашето бебе и дете, како на пример, пелени, бебешка храна и козметика со прифатливи цени.