Aптека Ани Фарм
|
Опис
ПЗУ Aптека АНИ ФАРМ е основана во 2010 година во Скопје со една аптека лоцирана во населбата Хром. По успешното неколкугодишно работење компанијата одлучува за поголема застапеност на пазарот со инвестирање во аптеката во т.ц Капитол под брендот Бети ДНА АННИ ФАРМ која постои од декември 2013 год.Да се менуваме себеси за да бидеме поуспешни и позадоволни е предизвик и процес кој бара фокусираност, реално согледување на желбите и потребите на пациентите, но и подготвеност да се биде искрен кон своите клиенти и пациенти.
Затоа работиме на усовршување на своите знаења и воведување на светските аптекарски стандарди.
ДНА АННИ ФАРМ - Бети Аптека е напредна програма за соработка базирана на искуствата на локалните традиции и најсовремените трендови во развојот на аптекарската практика . Општата цел кон која се стремиме е аптека целосно ориентирана кон клиентот и неговите потреби.
Во моментот располагаме со големо портфолио на производи додека аптеката во Хром на нашите ценети клиенти им нуди можност за подигање на лекарства преку фондот за здравство.
Овозможување на висок квалитет и грижа за нашите клиенти
Зголемување на аптеките и позиционирање на пазарот
Континуирана грижа за здравјето на нашите клиенти
Континуиран и интелектуален развој на вработените во нашата компанија
Овозможување на најновите светски достигнувања во фармакологијата да бидат достапни на клиентите
Континуиран развој на Аптека АНИ ФАРМ
Нашите Аптеки продолжуваат со континуирано збогатување на портфолиото со производи и
подобро прозиционирање на пазарот и достапност до нашите ценети клиенти.
Аптеките АНИ ФАРМ се застапници за следните неколку брендови:
- Мезотерапија „ BCN Institut “ од Барселона – Шпанија
- Дермароллер и Дерма пен
- Коноп за здравје и убавина