Пронајдете лекар во Македонија ! Пронајдете аптека во Македонија ! Здрава храна ..Здрав Живот
01 / 03

Пронајдете лекар во Македонија !

www.zdravstvo.eu.mk
02 / 03

Пронајдете аптека во Македонија !

www.zdravstvo.eu.mk
03 / 03

Здрава храна ..Здрав Живот

www.zdravstvo.eu.mk

Др. ВАСКО

drvasko1 logo Др. Васко
Адреса: Среќко Пужалка бр.30
1000 Скопје, Македонија
Телeфон: +389 2 6091569
Мобилен : +389 78 758136
Е-маил: ordinacija7@gmail.com

 

Опис 

ПЗУ Д-Р ВАСКО Ординација по општа стоматологија

    Приватната здравствена установа Д-Р ВАСКО започна со работа на 26.06.2013 година во Ченто, Скопје . Oснована e од Д-р Васко Иванов, доктор на стоматологија, дипломиран на Стоматолошки Факултет “св. Пантелејмон” во Скопје во 2006 година.Ординацијата се наоѓа во населба Ченто, Гази Баба, Скопје, ул.Среќко Пужалка бр. 30. Континуираното зголемување на бројот на задоволни пациенти во нашата ординација , спонтано ја наложи потребата оваа успешно започната приказна постепено да го зголемува тимот на доктори и сестри.
    Со нашата посветеност, стручност и ентузијазам , во пријатна , современа и релаксирана работна атмосфера , секојдневно докажуваме дека посетата на стоматолог не треба и не смее да биде трауматично искуство. Подигнувањето на свеста за важноста на оралното здравје е нешто за кое секојдневно се бориме. Токму затоа , горди сме и се радуваме на секоја нова здрава насмевка која сме ја створиле.
    Работиме исклучиво со најквалитетни материјали во пријатна и хигиенски чиста работна средина.
    Наша примарна цел е укажување и едуцирање за важноста на превентивата при одржување на оптимално здравје на забите. Затоа најголем акцент ставаме на превенцијата при одржувањето на здравите заби кај Вас и Вашето семејство.Оттука , секогаш сме подготвени да Ви дадеме совети како најдобро да ја одржувате оралната хигиена со тоа , грижејќи се не само за Вашата естетски добра насмевка, туку и за Вашето општо здравје . Со цел постојано стручно усовршување , нашиот тим доктори постојано е дел од различни предавања и семинари од сите области на стоматологијата , следејќи ги најновите светски трендови.
    Горди сме што успеавме да создадеме пријатна и топла работна атмосфера исполнета со позитивна енергија која значително ќе ја намали напнатоста која обично ја имаат пациентите при посета на стоматолог.
    Преку нашата неуморна посветеност, едукација , укажано внимание и почит кон секој наш пациент , секојдневно ја оправдуваме Вашата доверба и почитување. Ценејќи го Вашето време , ќе направиме се да Ви обезбедиме термин кој Вам Ви одговара.

Ординација „Д-Р ВАСКО“ ги нуди следните услуги :
-Детска превентивна стоматологија           
-Згрижување на кариозни лезии (максимално естетско-функционална реставрација)
- Пломбирање со микрохибридни и нанокомпозитни пломби                                                       
- Ендодонтски третман на заби-лекување на пулпини заболувања и периодонтити
-Порцелански коронки и мостови                                                                                                             
- Безметална керамика (CAD-CAM компјутерски дизајнирани и изработени коронки)
 Третман на парадонтопатија, чистење забен камен и обработка на пародонтални џебови                                          
-Екстракција (вадење) на заби
-Белење на заби                                                                                                                                            
- Поставување на циркони

Галерија 

  • 2.jpg
    big image
    2.jpg
  • 1.jpg
    big image
    1.jpg
  • 3.jpg
    big image
    3.jpg

Мапа 

Др. ВАСКО

Контакт Форма 

Доктор Васко

 

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

691x170px

a-rezultati1

Препорачуваме

Previous Next
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7

Hotels Macedonia

sidebar-hotelsmacedonia

Atravel

sidebar-atravel

pliva reklama

Elco - web design

elco veb4

Здрава Исхрана

Најава за корисници

.

.

              

                       Connect With Us

Contact Us

Адреса: ТЦ Ѓорче Петров, Скопје, Македонија

Tel: +(389) 2 3176 929

Email: info@zdravstvo.eu.mk