Адреса: ул. Козле бр. 88, влез 3, локал 9 (спроти бензиска пумпа на Макпетрол во Козле). телефон: 070 74 84 84 Фејсбук: www.facebook.com/PZUDentaPlus Е - маил : kiki.dentaplus@gmail.com Работно време: понеделник-петок од 10-13 и 16-20 и сабота од 9-14 часот. |
Опис
Приватна здравствена установа Дента Плус Скопје
Доктор стоматолог специјалист по ортодонција Кристина Тренеска-Конеска
Адреса: ул. Козле бр. 88, влез 3, мезанин, локал 9 (спроти бензиска пумпа на Макпетрол во Козле). Пристап до бесплатен паркинг и автобуска постојка за ЈПС бр. 57.
Телефон: 070 74 84 84
Работно време: понеделник-петок од 10-13 и 16-20 и сабота од 9-14 часот.
Закажување на термин во договор со докторот.
ПЗУ Дента Плус Скопје 10 години успешно работи во превенција и лекување на различни видови стоматолошки патологии со пациенти од сите возрасти.
Ординацијата ги нуди следните услуги:
Општа стоматологија
- Пломбирање со висококвалитетни хибридни и нанокомпозитни материјали (KERR, IVOCLAR-VIVADENT, EVETRIC, VOCO, Synergy итн.).
- Вадење на заби и терапија по вадењето на забите (постекстракциона терапија).
- Работа со деца (гласјономерни пломби и пломби во боја – Twinky star).
- Канални лекувања - ендодонтски третман на корените на забите со квалитетни препарати.
- Терапија на парадонтоза и терапија на пародонтални џепови со висок процент на успешност.
Протетика
- Мобилни протези – визил, класични и силиконски протези.
- Фиксни мостови – класична металкерамика, титаниумски мостови, безметална керамика (CAD-CAM технологија), надградби на заби, ламинати.
Ортодонција
- Мобилни протези во боја.
- Фиксни ортодонтски протези - брекети: метални, керамички и композитни (естетски), лингвална фиксна техника и најсовремена DAMON SYSTEM фиксна техника со висок степен на прецизност и пократко време на терапија.
Орална хирургија
- Апикотомии, вадење на полуимпактирани и импактирани заби, имплантологија.
Естетска стоматологија
- Белеење на заби – ласерски и со препарати за ординациска примена.
- Апликација на циркони на заби.
- Хијалуронски филери (пополнувачи) и ботокс на лице.
ПЗУ Дента Плус Скопје нуди бесплатен дијагностички преглед и контрола, семејни и промотивни попусти.