Начин како да го спречите уморот на работа

Tрикови за спречување на уморот на работа

sleeping work 2

 

 

 

 

Само што поминало пладне, а вас ви се чини дека е осум часот навечер и одвај ги држите очите отворени на вашето биро. Не сте единствените! Многу луѓе после два часот попладне чувствуваат силен умор и секојдневно се борат да ја одржат концентрацијата.

Меѓутоа, постојат неколку трикови како да останете будни. Во моментите на умор најчесто посегнуваме по уште една шолја кафе или грицкаме храна полна со шеќер мислејќи дека ќе ни ја зголеми енергијата. Но, стручните лица смислиле попаметни начини кои можат да помогнат.

Сон

Пренатрупни сте со обврски и многу од нив ги оставате за навечер, но пробајте барем некогаш навреме да си легнете. Не е паметно да го лажеме телото бидејќи тоа си има свои потреби па украденото моќно спиење ќе сака да го надокнади во текот на денот. Затоа пробајте редовно да спиете осум саати без пауза.

Sleeping on the jobИсхрана

Девет од десет луѓе кои јаделе квалитетен оброк наутро, биле помалку уморни во текот на попладнето-кажува нутриционистката Елизабет Сомер, авторка на книгата „Food and Mood: The Complete Guide to Eating Well and Feeling Your Best“. Исто така, мали хранливи оброци може да ја победат поспаноста, посебно во попладневните часови.

Кафе и шеќер

Кафе и производи со шеќер не се препорачливи затоа што помагаат само краткорочно. Наместо тоа може да земете крекери со сирење или некој протеин - јајце или туна.

Шетање за време на пауза 

Кога и да ви дозволува времето, пиењето кафе за време на паузата заменте го со шетање. Ако седите на сонце дополнително ќе ви ја подигне енергијата.

 

Распоред на обврските

Обврските распределете ги според вашиот ритам. Оние проекти кои што бараат повеќе работа и концентрација оставете ги за оној дел од денот кога сте најодморени, а тоа е најчесто наутро.

Во поладневните часови работете ги полесните работни обврски или некои стимулативни и интересни задачи – ова го истакнува експертот за манаџмент Томас Лауда кој пишува книга за тоа како да се задржи квалитетно ниво на енергија во текот на целиот работен ден.

Тој, исто така, советува дека треба да се поврзете со оние колеги кои позитивно влијааат на вас и попладневните обврски извршувајте ги во тој круг поради поголема продуктивност. Тој смета и дека е секогаш добредојден краток телефонски разговор со некој драг пријател кој ве опушта, а во исто време и ги полни батериите за остатокот од денот.

.

.