Адреса : ул.Партизанска Б.Б. Штип |
Опис
СВЕТИЛНИК НА ХУМАНОСТА
ПЗУ”Прим.д-р.Самарџиски” како светилник на хуманоста веќе една деценија со најголема сила не потсетува на нашата заедничка обврска да се грижиме едни за други. Новинарите ја имаат моќта на пишаниот збор, војската ја има моќта на оружјето, религиските институции моќта на вербата, големите корпорации моќта на парите, а нашата ординација ја поседува моќта на хуманоста.
Кај нас во нашата ординација не само што се зборува за хуманоста, туку таа се спроведува а воедно и се прифака одговорноста. Сме имале и имаме енергија да креираме решенија и да се исполнуват задачите. Е, тоа е моќта на хуманите.
Отсекогаш заложбите на ПЗУ”Прим.д-р.Самарџиски” се со своите идеи да се допре до луѓето и да ја разбудат во нив желбата да станат дел од него. Да ги мотивира и обучи да работат во организацијата, да се вклучат во акции за помош на ранливите луѓе и онаму каде што е повредено човековото достоинство.
ПЗУ”Прим.д-р.Самарџиски” не признава раси и обичаи, се пренесува и споделува заедничката грижа и помош на сите без исклучок на кои им е потребна.
Взаемната соработка со останатите организации и институции ни овозможува да не се забавуваат чекорите во извршувањето на бројните потфати, проекти, задачи. Со ентузиазмот кај нас, кај нашите пациенти и на огромна радост ентузиазмот кај младите генерации ги остваруваме целите и се прошируваат можностите за поуспешно дејствување на Ординацијата. На тој начин таа станува поефикасна и помобилна. Се надеваме дека во овој, трет милениум, лугето од целиот свет ке уживаат во подобар живот.